Nokia 5000 - Календар и листа со обврски

background image

Календар и листа со обврски

Изберете Мени > Организатор > Календар. Тековниот ден е врамен. Ако има

било какви белешки поставени за денот, денот е прикажан задебелено.
За да направите календарска белешка, дојдете до датумот и изберете Опции >

Направи белешка.

Апликации

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

25

background image

За да ги видите дневните белешки, изберете Прикажи. За да ги избришете сите

белешки во календарот, изберетеОпции > Избриши белешки > Сите

белешки.
За да ја видите листата со обврски, изберетеМени > Организатор > Листа на

задачи. Листата со обврски е прикажана и сортирана според приоритет. За да

додадете, избришете или пратите белешка, за да ја означите белешката како

завршена или да ја сортирате листата со обврски според рок, изберете Опции.

15. Веб

Можете да пристапите на различни интернет услуги со вашиот телефонски

прелистувач. Изгледот на интернет страниците може да се разликува поради

големината на екранот. Можеби нема да бидете во состојба да ги видите сите

детали на интернет страниците.

Важно: Користете само услуги на кои им верувате и кои нудат адекватна

сигурност и заштита од штетен софтвер.
За достапноста на овие услуги, цени и инструкции, обратете се кај вашиот

добавувач на услуги.
Конфигурациските поставки потребни за прелистување може да ги добиете како

конфигурациска порака од добавувачот на услуги.
За да поставите услуга, изберете Мени > Web > Web прилагоду. > Прилаг.за

конфигур. и изберете конфигурација и сметка.

Поврзување со услуга

За да се поврзете на услугата, изберете Мени > Web > Домашна страна; во

режимот на чекање, притиснете и држете 0.
За да изберете ознака, изберете Мени > Web > Зачувани линк..
За да ја изберете последната URL, изберете Мени > Web > Посл. web адре..
За да внесете адреса на услуга, изберете Мени > Web > Оди на адресата. Внесете

ја адресата и изберете OK.
Откако ќе се поврзете на услугата, можете да почнете да ги прелистувате нејзините

страни. Функцијата на телефонските копчиња може да се разликува кај различни

услуги. Следете го текстот од упатствата на телефонскиот дисплеј. За повеќе

информации, контактирајте со вашиот добавувач на услуги.

Поставки за изглед

Во текот на интернет прелистување, изберете Опции > Прилагодувања.

Достапните опции може да го содржат следново: