Nokia 5000 - За Вашиот уред

background image

За Вашиот уред

Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен за употреба на EGSM 900 и

1800 мрежи. Контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги за повеќе

информации околу мрежите.
Кога ги користите можностите на овој уред, почитувајте ги сите закони и

почитувајте ги локалните обичаи, приватноста и легитимните права на другите,

вклучувајќи ги и авторските права.
Заштитата на авторските права може да спречи некои слики, музика, и други

содржини да бидат копирани, модифицирани, или префрлени.
Вашиот уред може да има претходно инсталирани ознаки за страници и линкови

до интернет страници на трети лица. Преку Вашиот уред можете исто така да

пристапите и до страници на трети лица. Страниците на третите лица не се

поврзани со Nokia, и Nokia не гарантира ниту пак ги одобрува овие страници. Ако

одберете да им пристапите на таквите страници, треба да превземете мерки за

претпазливост, во однос на заштитата или содржината.

Предупредување: За да користите било која од функциите на овој уред,

освен будилникот, уредот мора да е вклучен. Не вклучувајте го уредот кога

употребата на безжичен уред може да предизвика пречки или опасност.
Запомнете да направите резервни копии или да чувате пишани записи за сите

важни информации што се зачувани во Вашиот уред.
При поврзување со било кој друг уред, прочитајте ги неговите упатства за

корисникот за детални безбедносни инструкции. Не поврзувајте некомпатибилни

производи.