Музички плеер
Вашиот телефон располага со музички плеер за слушање на музички содржини
или други MP3 или AAC аудио датотеки. Аудио датотеките кои се зачувани во
Галерија > Муз. датот. или Снимки се детектираат автоматски.
Предупредување: Слушајте ја музиката на умерено ниво. Континуираното
изложување на висока јачина на звук може да го оштети Вашиот слух. Не држете
го уредот блиску до Вашето уво кога звучникот е во употреба, бидејќи јачината на
звукот може да е исклучително висока.
Изберете Мени > Медиа > Муз. плеер.
За стартување или пауза на репродукцијата, притиснете го средното копче за
избирање.
За да прескокнете на почетокот на тековната песна, движете лево.
За да прескокнете на претходната песна, притиснете го копчето за движење
двапати налево.
За да прескокнете на наредната песна, движете десно.
За премотување наназад, притиснете и држете го копчето за движење налево.
За премотување нанапред, притиснете и држете го копчето за движење надесно.
За да ја прилагодите гласноста при репродукцијата, движете нагоре или надолу.
За исклучување или вклучување на звукот на плеерот, притиснете #.
За репродукција на музичкиот плеер во позадина, притиснете го копчето за крај.
За запирање на музичкиот плеер, притиснете и држете го копчето за крај.
Медиуми
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
24
13. Апликации
Софтверот во вашиот телефон може да содржи неколку игри и Java апликации
специјално дизајнирани за овој телефон од Nokia.
Изберете Мени > Апликации.
За да стартувате игра или апликација, изберете Игри или Колекција. Дојдете до
игра или апликација и изберете Отвори.
За да ја видите количината на меморија достапна за инсталација на игра и
апликација, изберете Опции > Статус на меморија.
За да преземете игра или апликација, изберете Опции > Даунлоади > Даунло.
на игри или Даун. на апликација. Вашиот телефон поддржува J2ME™ Java
апликации. Уверете се дека апликацијата е компатибилна со вашиот телефон пред
да ја преземете.
Важно: Инсталирајте и користете апликации и друг софтвер само од
доверливи извори, како што се апликациите што се потпишани од Symbian Signed
или го поминале Java Verified
TM
тестирањето.
Преземените апликации можат да бидат снимени во Галерија наместо во