
Режим на чекање
Кога телефонот е спремен за употреба и немате внесено никакви знаци, телефонот
е во режимот на чекање.
1 Јачина на мрежен сигнал
2 Ниво на наполнетост на батеријата
3 Име на мрежата или лого на операторот
4 Функции на изборни копчиња
Левото изборно копче е Оди во за да ги видите функциите во вашата листа со
лични кратенки. Кога ја гледате листата, изберете Опции > Одбери опции за да
ги видите достапните функции или изберете Опции > Организирај за да ги
разместите функциите во вашата листа со кратенки.