Nokia 5000 - Апликации кои се извршуваат во позадина

background image

Апликации кои се извршуваат во позадина

Оставањето апликациите да работат во позадина ја зголемува потребата за

енергија од батеријата и го намалува животниот век на батеријата.

3. Повици

Упатување и одговор на повик

За да упатите повик, внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го кодот на

државата и повикувачкиот број на областа, по потреба. Притиснете го копчето за

повик за да го повикате бројот. Движете нагоре за зголемување или надолу за

намалување на гласноста на звучникот или слушалките за време на телефонскиот

повик.
За да одговорите на дојдовен повик, притиснете го копчето за повик. За да го

отфрлите повикот без да одговорите, притиснете го копчето за крај.

Звучник

Доколку е достапно, можете да изберете Звуч. или Слушал. за да го користите

звучникот или слушалката од телефонот за време на повик.

Предупредување: Не држете го уредот блиску до Вашето уво кога

звучникот е во употреба, бидејќи јачината на звукот може да е исклучително

висока.

Кратенки за бирање

За да доделите телефонски број на едно од нумеричките копчиња, 2 до 9, изберете

Мени > Контакти > Брзи бирања, дојдете до саканиот број и изберете

Додели. Внесете го саканиот телефонски број или изберете Барај и снимен

контакт.
За да ја вклучите функцијата брзо бирање, изберете Мени > Прилагодувања >

Повик > Брзо бирање > Вклучи.
За да упатите повик користејќи брзо бирање, во режимот на чекање, притиснете

и држете го саканото нумеричко копче.

4. Пишување текст

Режими на текст

За да внесете текст (на пример, кога пишувате пораки) може да користите

традиционално или предвидливо внесување на текст.